
Меѓународниот универзитет Визион како домаќин, со Универзитетот 19 Мај од Самсун кој е еден од еминентните универзитети во Турција, и Асоцијацијата Самсун Размена заеднички организира 13-тиот Меѓународен конгрес за историја на Балканот. На конгресот присустваа г-дин Елвин Хасан, министер во Владата на Република Северна Македонија, ректорот на Меѓународниот универзитет Визион проф. д-р Фадил Хоџа, претседателот на Партијата за турско движење и пратеник г. Енес Ибрахим, еден од конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун проф. д-р Бунјамин Коџаоглу, пензионираниот полковник г. Сухејл Чобаноглу, претседателот на Асоцијацијата Самсун Размена г-ѓа Олџај Кинај Јакин, проректорите на Меѓународниот универзитет Визион академски работници од разни повеќе универзитети во земјава и во странство и голем број студенти од Меѓународниот универзитет Визион.
Конгресот со поздравен говор го отвори ректорот на Меѓународниот универзитет Визион проф. д-р Фадил Хоџа кој во својот говор истакна дека 13-тиот Меѓународен конгрес за историја на Балканот се одржува за првпат на Балканот и тоа во нашиот Универзитет и за тоа сме многу среќни. Ректорот исто така, истакна дека сме сведоци на историски ден и дека Универзитет Визион ќе продолжи да биде домаќин на вакви организации во меѓународен контекст. Поздравни говори одржаа и еден од конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун проф. д-р Бунјамин Коџаоглу, претседателот на Асоцијацијата Самсун Размена г-ѓа Олџај Кинај Јакин и г-дин Елвин Хасан, министер во Владата на Република Северна Македонија.
Специјалната сесија на конгресот се одржа под модераторство на проректокторот на Меѓународниот универзитет Визион и еден од конгресните претседатели, проф. д-р Хасан Октај. На сесијата свои излагања имаа и конгресните преседатели на Универзитетот 19 Мај од Самсун, проф. д-р Бунјамин Коџаоглу и пензионираниот полковник г-дин Сухејл Чобаноглу.
Работниот дел на конгресот се одржа во три различни салони во три сесии. Презентациите на академските работници од земјава и странство и на професорите на Меѓународниот универзитет Визион беа презентирани во текот на целиот работен ден на англиски, македонски и турски јазик.