ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ГАЗИОСМАНПАША ВО ТОКАТ ОД СТРАНА НА ВИЗИОН


Проректорот на Меѓународниот универзитет ,,Визион”, проф. д-р Менсур Нуредин и членот на почесниот одбор г. Мефаил Реџеп, го посетија ректорот на Универзитетот ,,Газиосманпаша” во Токат, проф. д-р Буњамин Шахин.

За време на посетата, која се одржа во Ректорската управа, беше остварена меѓусебна размена на идеи и се разговараше за заеднички проекти што треба да се спроведат од страна на Универзитетот ,,Газиосманпаша” во Токат и Меѓународниот универзитет ,,Визион”. Во овој контекст, беше одлучено да се потпише протокол за пристапување кон Програмата за размена ,,Мевлана”, помеѓу Универзитетот ,,Газиосманпаша” во Токат и Меѓународниот универзитет ,,Визион”.

По средбата, проф. д-р Менсур Нуредин и делегацијата на Меѓународниот универзитет ,,Визион” присуствуваа на конгресот „Насилството и мерки за негово спречување (Mобинг)“, организиран од Универзитетот ,,Газиосманпаша” во Токат.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi