ВО МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ СЕ ОРГАНИЗИРА 6-ОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО ШАХ


Во Меѓународниот универзитет „Визион“ од 2 до 3 ноември 2022 година, се одржа 6-тиот традиционален турнир во шах. Отворајќи го турнирот, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа во своите говори истакнаа дека целта е да им овозможат на младите преку шахот да го зголемат својот ментален развој и овој турнир да стане традиција на нашиот универзитет.

Првиот ден од турнирот, помина со интензивно учество на студентите кои играа меѓусебе. На студентите кои учествуваа на турнирот им беа доделени сертификати за учество, а на првопласираниот студент му беше доделена и парична награда.

Во вториот ден од турнирот, шаховскиот мајстор од Северна Македонија, д-р Осман Сали одигра симултана партија шах против 10 лица. На сите одиграни 10 натпревари д-р Осман Сали победи. Турнирот ќе продолжи да се организира традиционално и во наредните години.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi