МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“ И УНИВЕРЗИТЕТОТ „КАЈСЕРИ“ ПОТПИШАА ПРОТОКОЛ ЗА АКАДЕМСКА СОРАБОТКА


Потпишана е академска и културна соработка помеѓу Универзитетот „Кајсери“ и Меѓународниот универзитет „Визион“.  Ректорот проф. д-р Фадил Хоџа, го посети ректорот на Универзитетот „Кајсери“ проф. д-р Куртулуш Карамустафа.

 За време на посетата, ректорите на двата универзитета потпишаа протокол меѓу Универзитетот „Кајсери“ и Меѓународниот универзитет „Визион“ од Северна Македонија, кој опфаќа академска и културна соработка.

     Карамустафа изјави дека протоколот за соработка потпишан со сестринскиот универзитет од Северна Македонија, Меѓународниот универзит „Визион“ вклучува соработка во академскатата и културнатата област и рече: „Со потпишаниот протокол, Меѓународниот универзитет „Визион“ ќе обезбеди кадровска и документарна поддршка за образовните програми на турски јазик за коишто нашиот Универзитет има потреба, а протоколот ќе биде корисен за двата Универзитета.“

     Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ од Северна Македонија, проф. д-р Фадил Хоџа, му се заблагодари на ректорот на Универзитетот „Кајсери“, проф. д-р Куртулуш Карамустафа, за потпишаниот протокол за соработка и гостопримството.  

По потпишаниот протокол, двајцата ректори ја посетија работилницата за мебел на Стручното училиште за технички науки и Центарот за апликативни и истражувачки студии за храна „Сафије Чикрикчиоглу“ и добија информации за начинот на производството кое се остварува на овие места.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi