ПОМЕЃУ МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗОН“ И УНИВЕРЗИТЕТОТ „БИНАЛИ ЈИЛДИРИМ“ ВО ЕРЗИНЏАН Е ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА АКАДЕМСКА СОРАБОТКА


Потпишан е протокол за академска соработка помеѓу Меѓународниот универзитет „Визион“ од Северна Македонија и турскиот универзитет „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан, Р. Турција.

На церемонијата на потпишување на протоколот која се одржа во салата за состаноци при Ректоратот на Универзитетот „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан присуствуваа покрај ректорот на Универзитетот „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан, проф. д-р Акин Левент и ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачот и поранешен ректор проф. д-р Фадил Хоџа, проректор проф. д-р Менсур Нуредин, претседателот на надзорниот одбор на Меѓународниот универзитет „Визион“ г. Мефаил Реџеп и заменик директорот на Стручното училиште при Универзитетот „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан, доц. д-р Толга Ала.

Протоколот помеѓу двата универзитета го потпиша во име нашиот Универзитет, ректор проф. д-р Ахмет Веџди Џан и во име на Универзитетот „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан, ректорот проф. д-р Акин Левент.

Протоколот за академска соработка потпишан помеѓу Меѓународниот универзитет „Визион“, првиот и единствен универзитет кој нуди образование на турски јазик во Европа и Универзитетот „Бинали Јилдирим“ во Ерзинџан, опфаќа заеднички научни студии, едукација, обука и културна соработка меѓу двата универзитета, како и програми за размена на предавачи и студенти.

Ректорот Левент изјави дека како универзитет им придаваат важност на меѓународните билатерални договори: „Како Бинали Јилдирим универзитет ќе продолжиме да соработуваме со универзитетите со цел да градиме мостови меѓу културите и да ја развиваме и зајакнеме академската соработка“.

Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, се заблагодари за потпишаниот протокол и за гостопримството на универзитетскиот ректор, проф. д-р Акин Левент.   Протоколарната церемонија заврши со врачување на подароци.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi