ВО РАМКИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН СЕ ОДРЖА ПРВАТА ОДБРАНА НА ДОКТОРАТ


На 18 јуни 2021 година, м-р Хава Шабан, која е член на академскиот кадар на Меѓународниот универзитет „Визион“ и истовремено е и координатор за меѓународни односи на Меѓународниот универзитет „Визион“, ја реализира својата докторска одбрана во салата на Сенатот на Универзитетот. Хава Шабан својата теза со наслов „Депресијата и анксиозноста кај студентите на државните и приватните универзитети во Северна Македонија“ како прва теза во областа на клиничката психологија успешно ја одбрани на англиски јазик пред комисија во состав од: проф. д-р Муса Мусаи (ментор и член), проф. д-р Ќуфли Османи (претседател), проф. д-р Љупчо Кеверески (член), проф. д-р Зоран Филиповски (член) и проф. д-р Абдулмеџит Нуредин (член) и се стекна титулата доктор на науки. Покрај проф. д-р Фадил Хоџа, ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, на церемонијата учествуваа и проректорите и членови на академскиот кадар на Универзитетот. Говорејќи на церемонијата, ректорот изјави дека академскиот свет и Универзитетот добија нов доктор по клиничка психологија, дека ова е историски ден за Универзитетот и дека се горди и среќни што се реализира првата докторска одбрана на универзитетот „Визион“. 

Новиот доктор на науки, д-р Хава Шабан, му се заблагодари на проф. д-р Фадил Хоџа, ректор на Меѓународниот универзитет Визион, за неговата постојана поддршка и на целото Визион семејство кои секогаш ја поддржуваа и финансиски и морално.

Која е д-р Хава Шабан?

Родена е во 1988 година во селото Горна Баница во Гостивар и по завршувањето на основното образование, завршила средно училиште во Гостивар. Во 2012 година дипломирала на Државниот универзитет во Тетово, отсек психологија. Магистрирала во Куала Лумпур (Малезија) во 2014 година.

Почна да работи на Меѓународниот универзитет „Визион“ во 2017-2018 година и сè уште е дел од академскиот кадар на Универзитетот, каде ја врши и функцијата координаторот за меѓународни односи.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi