Direk yükle

На нашиот универзитет се одржа on line одбрана на магистерска тезa

На нашиот универзитет се одржа on line одбрана на магистерска тезa

Илхан Челик, кој ги заврши магистерските студии на Факултетот за општествени науки при нашиот универзитет, денес (07.05.2020) ја одбрани својата магистерска теза со наслов „Односот помеѓу емоционалната зрелост, самопочитта и начинот на живот кај адолесцентите“.

Студентот тезата ја работеше под менторство на проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, и истата успешно ја одбрани пред комисијата составена од менторот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, доц. д-р Калина Иваноска Сотироска и доц. д-р Муједин Кахвеџи при што се стекна со титула - магистер.

Оваа одбрана, исто така, е и прва одбрана на теза од постдипломски студии што се одржа на интернет платформа за време на епидемијата на КОВИД-19.

Etiketler:

Академски Соработки