Direk yükle

На нашиот универзитет се одржа on line одбрана на магистерска теза

На нашиот универзитет се одржа on line одбрана на магистерска теза

Ајшенур Дурсун, која ги заврши магистерските студии на Факултетот за општествени науки при нашиот универзитет, денес (17.09.2020) ја одбрани својата магистерска теза со наслов „ Компаративно испитување на погледите во наградувањето односно казнувањето од страна на родителите користени во раното детско образование преку примерот на Турција-Северна Македонија “.

Студентката тезата ја работеше под менторство на проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, и истата успешно ја одбрани пред комисијата составена од менторот проф. д-р Абдулмеџит Нуредин, доц. д-р Калина Иваноска Сотироска и доц. д-р Муједин Кахвеџи при што се стекна со титула - магистер.

Ѝ честитаме на нашата студентка и ѝ посакуваме успех во понатамошните студии.

Etiketler:

Академски Соработки