
Новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Скопје, г. Хасан Мехмет Секизќок, во резиденцијата на Амбасадата, ги прими ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа, и проректор проф. д-р Хасан Октај. За време на средбата, тие разменија информации за основањето, работењето и наставните планови на Универзитетот.