Direk yükle

Меѓународен Универзитет Визион произлегува од автохтоната локална заедница и ги интегрира светските практики и мултикултурниот дух.

Универзитетот е формиран и работи врз основа на Законот за високото образование на Република Македонија. Владата на Република Македонија даде согласност за основањето и одлуката за давање на одобрение за одновање на Меѓународен Универзитет Визион – Гостивар е објавена во „Службен Весник на РМ “ бр.153/14. Врз основа на одлуката, понатамошната постапка за етаблирање продолжи пред Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во РМ, кој на својата седница одржана на 23.06.2014 донесе Решение за основање и акредитација на Меѓународен Универзитет Визион- Гостивар. Согласно решението, сите студиски програми на двата циклуси на студии се акредитирани за настава на македонски, англиски и турски јазик по избор на студентот. По ова, Министерството за образование и наука пристапи кон увид во исполнетоста на условите за вршење на високообразовна дејнсот, што резултираше со донесување на Решение за почеток со работа на 08.06.2015 година.

Etiket:

Академски Соработки