Direk yükle

Симпозиум кој ќе остави историска трага

Ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа беше гостин во живо на емисијата Гледна точка, каде зборуваше за „Симпозиумот кој ќе остави историска трага“ организиран во рамките на 28. пролетен фестивал Едрелези на ТРТ-Турк. Програмата на „Симпозиумот кој ќе остави историска трага“ оваа недела беше дел од 28. Меѓународен пролетен фестивал Едрелези, каде 24 години без престан се организира Меѓународен симпозиум на турската култура. Гостин на Есра Хасип беше домаќинот на симпозиумот ректорот на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН проф. д-р Фадил Хоџа.

Започнат како дел од националната и духовната култура на Македонија фестивалот Едрелези се одржува не само со учество на балканските Турци, туку и со учество на различни етнички култури од различни географии. Симпозиумот е исто така карактеризиран како платформа за дискутирање на проблемите во областа на културата и образованието.

Овој симпозиум, чиј домаќин е единствениот универзитет на Балканот кој нуди образование на турски јазик, го продолжува постоењето на големата културна ризница и, исто така, го потенцира концептот на заедничка цивилизација што ќе се пренесува на идните генерации.

 

Etiket:

Академски Соработки