НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ CEO КОНГРЕС ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ 2021


Меѓународениот CEO (Communication, Economics and Organization - Комуникација, Економија и Организација) Конгрес за општествени науки се одржа помеѓу 19 - 22 август 2021 година. Домаќин на Конгресот беше Грузискиот национален универзитет, најголемиот универзитет во Грузија.
Под домаќинство на Грузискиот национален универзитет и во соработка со Универзитетот Баликесир, Меѓународниот универзитет Визијон, Универзитетот Болу Абант Изет Бајсал, Меѓународниот универзитет Горазде, Универзитетот Нишанташи, Кипарскиот западен универзитет, Универзитетот Призрен, CEO Текмер, издавачката куќа Дилкур, Инсек и ЕУЈМР се организираа конгресот преку интернет. На конгресот беа подготвени 132 научни трудови од 209 академици од 123 институции од 7 континенти кои беа презентирани во 22 сесии преку 2 одделни канали.
На отворањето, говорејќи во име на Меѓународниот универзитет Визион, нашиот проректор проф. д-р Менсур Нуредин, откако го одржа поздравниот говор пред учесниците, изрази задоволство да биде соработник на CEO Конгресот за општествени науки и ги запозна учесниците со општи информации за нашиот универзитет и образовните можности што нашиот универзитет им ги нуди на своите студенти.
На отворањето на CEO Конгресот важни имиња одржаа говори. Покрај академиците, членови на конгресниот комитет, градоначалникот на Аксарај д-р Еврен Динчер, заменик-министерот за високо образование на Авганистан д-р Абдул Таваб Балакарзаи и на крај, поранешниот државен министер Фарук Челик го одржаа поздравни говори. Почитуваниот министерот Фарук Челик, во воведниот говор откако даде информации за CEO Конгресот, тој ги сподели светските промени во пост-Ковид периодот во областите на комуникација, економија, менаџмент и организација и техниките за справување со нив. Нагласи дека моменталниот период е период на комуникација, економија и организација на управувањето. Го искористи воведниот говор, да посакува резултатите од овој интензивен конгрес со учество од различни земји во светот да бидат од корист.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi